Производство: Петра Пан Филм Продукција; Wolfgang & Dolly
Земја на потекло: Словенија, Хрватска, Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 90 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Долгометражен документарен филм за поранешната словенечка манекенка, пијанистката Уршка Ристиќ, девојка со нескротлив дух, која се бори со ретки автоимуни болести. Филмот е сниман во текот на две децении во Љубљана (Словенија) и во Преспа (Македонија). Опфаќа интимни разговори помеѓу двете пријателки, Уршка и Петра (авторката на филмот). Какви се мистерии крие човечкото тело и колкава е моќта на пријателството и уметноста врз умот и телото на човекот.
Уршка е млада убава девојка, пијанистка, која се занимава со манекенство. На 16 години бега од дома, пие, се забавува и води раскалашен живот. Ја сместуваат во установа а потоа во згрижувачко семејство. Млада станува мајка. Нејзината ќерка Зоја и го менува животот. Уршка, заедно со ќеркичката, од Љубљана, доаѓа да живее во Македонија. Тие заедно уживаат покрај Преспанското Езеро, се дружат, пливаат и разговараат. Тоа трае се до моментот кога Уршка се онесвестува. Заминува во Љубљана. По некое време и е дијагностицирано ретко автоимуно заболување, енцефалитис, проследено со висока температура, болки во телото, конфузност и губење на свеста. Младата мајка паѓа во кома. По будењето од кома, Уршка не се сеќава на ништо, не го препознава ни сопственото дете и не може да оди. Со вежби, упорност и подршка од пријателите, повторно застанува на нозе. Повторно се враќа на својата голема љубов, пијаното. По маките со болеста и многуте падови во животот, го сретнува Бојан, со кого се мажи и ја добиваат ќерката Мија. Денес Уршка вели дека болеста ја направила подобар човек, од егоманијак станала посветена мајка, сопруга и пијанистка.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Учествуваат: Уршка Ристиќ, Бојан Ристиќ, Мија и Зоја Ристиќ
Музика: Владимир Ракиќ
Тон: Иван Антиќ
Сценограф: Цирил Садар
Продуценти: Петра Селишкар, Тамара Бабун, Сара Ферро