Производство: ТВ БТР - Скопје
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: репортажа
Род: Документарен филм
Времетраење: 50 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2023
Содржина: Животна приказна за Гани и неговото семејство. Гани е Ром кој нема сопствен дом и живеалиште. Тој е поранешен затвореник осуден на 14 години затвор, поради кражби. Одлежал 7 години и го добил прекарот Капо. Со својата последна сопруга Јуксела и петте деца, живее на улица. Се прехрануваат со просење и чистење шовершајбни на крстосниците во Скопје. Немаат лични документи и децата не можат да се запишат на училиште и да остварат здравствено осигурување. Како и сите деца и неговите имаат желби и сонови. Еден од синовите на Гани сака да биде пеач и да има пари. Зоран Димов, му помага да си ја оствари желбата да пее на детски фестивал. Тој му помага на ова семејство и во бирократските работи за добивање лични документи. Од Црвениот крст им помагаат со привремено сместување, во зимските месеци. Колку да имаат покрив над глава.
За феноменот „живот на крстопат“ и економско социјалната полажба на овие луѓе, зборуваат: Васка Бајрамова Мустафа-Заменик народен првобранител, Насер Зибери-Народен првобранител и Ерол Адемов-кординатор за ромски прашања.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Наратор: Рамуш Муарем