Производство: Филмске новости - Белград
Земја на потекло: Југославија
Жанр: репортажа
Род: Журнал
Времетраење: 0,39 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1951
Содржина: ПРИЛОГ 1 - НА ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО /
Краток нецелосен прилог за стариот и единствен начин на риболов со птици, на едно од најпродуктивните езера во минатото, Дојранското Езеро. Швенк по ловиштата на крајбрежјето на езерото, односно огради од трска наречени - мандри. Во неколку кадри прикажан начинот на риболов со помош на птиците корморани. Птиците ги наведуваат рибите кон мандрите. Рибари вадат мрежи од водите и го исипуваат богатиот улов. Риболовот на ова езеро отсекогаш бил главна економска активност за населението во Дојран.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Автори: