< Назад

Филмски новости бр.13/51

Производство: Филмске новости - Белград

Земја на потекло: Југославија

Жанр: репортажа

Род: Журнал

Времетраење: 0,55 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1951

Содржина: ПРИЛОГ 1 - ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО СКОПЈЕ /
Нецелосен краток прилог од неколку зачувани културно - историски споменици во Скопје. Од тотал преку менување на неколку ракурси, снимена е една од најзначајните знаменитости на градот, Камениот мост. Швенк по Иса-беговата џамијата изградена во 1475 година, по што следуваат неколку кадри од најголемиот поранешен караван-сарај, Куршумли ан, во Стара скопска чаршија, изграден во текот на 16 век. Во последните кадри прикажан е остаток од некогашните 55 сводови на староримскиот аквадукт во близина на Скопје, преку кој била спроведувана вода од Скопска Црна Гора до објектите на тогашните градби на Скопје.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Автори:


Фотографии: