Производство: МЦФ Филм продукција
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 69 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2016
Содржина: Филм посветен на првите филмски сниматели на балканот, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1882-1964) Манаки. Филмот изобилува со архивски материјали: фотографии, филмски снимки, пишани документи и експонати од браќата Манаки. Секоја информација, секој податок или тврдење, изнесени во филмот се поткрепени со цврсти артефакти. Како и соговорнци од земјава и од странство, кои зборуваат за животот и делото на познатите браќа.
Етнички му припаѓаат на Балканот а култролошки се дел од светското културно наследство. Родени во влашкото село Авдела, првиот фотографски дуќан го отвориле во Јанина, живееле во Битола, по мајка имаат албанско потекло, затоа за свои ги сметаат и власите, грците, македонците, албанците, бугарите, србите... Најголемиот и најплодниот дел од животот, браќата го минуваат во Битола. Во Државниот Архив во Битола од 1961 година започнале со евендитирање на сочуваните материјали од браќата Манаки. Покрај 18.513 негативи, зачувани се и голем број документи, како и камерата „Биоскоп 300“.
Димитар Димитровски-Такец, новинар од Битола и пријател на Милтон Манаки, зборува за дружењето со Милтон, за првата негова фотографија, како бебе, направена во фотографското студио на браќата Манаки и различностите во карактерите на браќата. Нараторите во оф тон, раскажуваат како се живеело во градот на конзулите и клавирите, за тоа како настанала фотографијата и снимката на баба Деспа. Како и за многуте други познати фотографии и снимки од познати и обични луѓе, создадени од рацете на Милтон и Јанаки.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници :
Дизајн на звук -- Дарко Спасовски
Асистент на звук -- Александар Механџиев
Организатор на продукција -- Лидија Пајевиќ
Организатор во Романија -- Мариан Цуцуи
Текстот го читаа -- Мето Јовановски и Андреј Серафимовски
Соговорници: Димитар Димитровски Такец, д-р Мариан Цуцуи, Јадранка Моис Анави, Давид Моис Анави