Производство: Rai Cinema, КТ филм и медиа - Скопје
Земја на потекло: Италија, Македонија, Романија, Бугарија
Жанр: љубовна драма
Род: Игран филм
Времетраење: 81 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2015
Содржина: Филмот почнува со црно бели документарни инсерти, снег во градот Бари (Италија). По многу години во Бари повторно се очекуваат снежни врнежи, ова е главна тема во градот. Но, се случува голот на 17 годишниот Касано Антонио, на фудбалскиот натпревар Бари-Интер. Бари повторно влегува во Прва Лига. Веќе на никого не му беше грижа за снегот, сите зборуваа за голот на Касано.
Иво и Клара се сретнуваат сосема случајно. Во стан во Бари, двајцата млади, Иво и Клара, прават размена во станот под наем. Иво си оди а на негово место доаѓа Клара. Од самиот почеток помеѓу двајцата се чуствува голема привлечност. Тие разговараат долго време и се чувствуваат како да се знаат со години. Сопственичката на станот е стара госпоѓа со неверојатна смисла за хумор. Таа има кученце Берарда, кое е многу темпераментно а во чувањето и помагаат потстанарите. Клара го губи кучето. Сите се вознемирени и го бараат. Најпосле Берарда сама се враќа со „партнер“ во кој е вљубена.
Иво е агроном, но работи како домаќин во фудбалскиот клуб - Бари. Тој наоѓа работа во плодниот Банат - Романија, во неговата струка. Затоа се сели. Додека Клара, бега од проблеми, мислејќи дека со селењето се ќе се реши.
Приказната се развива паралелно, следејќи ги животите на Иво и Клара, во Италија и во Романија. Еден ден Клара оди во Банат да го посети Иво. Почнува нивната љубовна романса. Иако е дојдена на кратко време, поминуваат месеци заедно. Почнува да се забележува дека Клара е трудна. Иво, знае дека детето не од него, сепак ја сака Клара и сака да останат заедно. Клара се двоуми.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Режија: Адриано Валерио (Adriano Valerio)
Сценарио: Езио Абате, Адриано Валерио (Ezio Abbate, Adriano Valerio)
Улоги: Едоардо Габриелини, Елена Радончиќ, Стефан Велничиќ, Ованес Торошин, Пјера Дели Еспозити (Edoardo Gabbriellini, Elena Radonicich, Stefan Velnicic, Ovanes Torosian, Piera Degli Esposti)
Монтажа: Каталин Кристутиу (Catalin Cristutiu)
Сценограф: Викторија Динева
Музика: Асен Аврамов
Продуценти: Емануеле Неспа, Марио Мацарото, Адриана Соломон, Иван Тонев (Emanuele Nespa, Mario Mazzaroto, Adriana Solomon, Ivan Tonev)