Производство: Јаки Вел, Полихимнија, МТВ
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: Драма
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 81 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2003
Содржина: Долгометражен игран филм за животот на тројца сосема различни ликови, Дамјан (Данчо Чевревски), Панцир (Младен Крстевски) и Грбавиот (Ѓорѓи Колозов). Панцир и Грбавиот живеаат на село, необразувани се, немаат семејства, преживуваат со сомнително заработени пари, насилни се и не баш привлечни. Дамјан, живее со жена му во град, добро е ситуиран, има добра работа и љубовница.
Приказната започнува кога Панцир оди во една кафеана, се сретнува со една жена. Прават договор ќерката на жената да ја омажат за братот на Панцир. Девојката (Венди) е млада и убава, со сомнителен морал а брат му е грд и грбав.
Девојката не сака да се мажи за Грбавиот, но мора бидејќи мајка ѝ ја продала за 3000 марки. Таа оди во една трошна куќичка во селото каде живеат двајцата браќа. Не може да издржи и бега. Панцир со оржје оди и ја враќа. Панцир, Грбавиот и Венди, одат за Албанија да си го бараат стадото овци што им го украле група вооружани албанци. Не ги наоѓаат овците, па за замена земаат говеда.
Дамјан, се враќа од работа, по пат застанува да купи храна и гардероба. Доаѓа дома кај сопругата, која го дочекува со кавга. Таа му префрла на Дамјан за односот што го има со мајка му и чудните браќа. Тие решаваат да се разведат. Двајцата имаат љубовници.
На телевизија има вест за Панцир, Грбавиот и Венди, се бараат за разбојништво. Двајцата браќа доаѓаат кај Дамјан и бараат пари. Дамјан, Грбавиот и Панцир се браќа.
Венди повторно бега, се крие во куќата на мајка и. По неа доаѓа Панцир и ја убива. Грбавиот, го убива Панцир.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници:
Продуцент: Александар Ѓорѓиев
Шминка: Антонела Молалијска
Сценографија: Иван Велјановски
Настапуваат : Маја Вељковиќ, Кица Вељановска, Дарко Ќириќ, Петрос Панамас, Марјан Чакмакоски, Љупчо Пирганоски, Биљал Шкортова, Филип Витанов, Андон Јованоски-Ашата, Цветанка Чавлеска, Андријана Бошкоска, Викторија Терзиева, Оркестарот на Гоце Арнаудов