< Назад

Тулгеш

Производство: Вардар филм - Скопје

Род: Документарен филм

Времетраење: 57 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1977

Содржина: Филмот обработува еден трагичен настан по поразот на Демократската Армија на Грција - 1948 година. Станува збор за егзодусот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, кои по поразот на ДАГ во 1948 година беа протерани од своите огништа и беа раселени во неколку источноевропски земји. Преку потресни кажувања на самите учесници на овој срамен настан, кои долго години живеат во Полска, Чехословачка, Романија... и кои исто толку години не се виделе со своите најблиски, филмот зборува за трагедијата што ги снајде тие некогашни деца да живеат далеку од својот роден крај.

Награди: 1977 ФЈДКФ, Белград, Гран При „Голем златен медал“ за Коле Манев

Автори: