< Назад

Сите ќе умреме

Производство: „HausKom“ - Битола, „Охо“ - Скопје

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: трагикомедија

Род: Документарен филм

Времетраење: 25,15 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2020

Содржина: Филмот не запознава со работата на приватното погребално претпријатие „Михо 2007“, на Зоран Сичев од Штип. Во филмот се развива темата околу погребалните трошоци кои обичниот народ некогаш и не е во можност да ги покрие. „Вечен Сон – Конкордија”, “Михо 2007” и “Лимче” се три погребални служби од Штип, кои егзистираат преку смртта на луѓето, но тие не се единствени кои излезот го бараат преку овој бизнис.
Сопственикот Сичев говори за неправичната игра која ја играат и болниците, а истотака и за нелојалната конкуренција . Во филмот има краток исечок од протестот на погребалните претпријатија пред општата болница „8 Септември“ во Скопје, која на неправеден начин ја подржува работата на погребалното претпријатие „Бутел“, кое во државата функционира како монопол. По долго работење со погребалното претпријатие како приватен бизнис, сопственикот се заморува од различните измами кои ги прават болниците, погребалните претпријатија а и неговите соработници, па во еден момент решава веќе да не се занимава со таа работа, односно менува професија, станува фотограф. Филмот завршува со говор во кој се говори за смртта и за тоа дека сите луѓе се плашат од смртта. Сите ќе умреме, еден ден.

Напишано од Миранда Ала Речи

Автори:


Ко-продуценти : Пеце Талевски, Сашко Потер Мицевски
Музика: Холи Бухагиар
Улоги: Зоран Сичев-Сиче, Силвана Сичева, Мијалче Величковски, Ласто Георгиев, Натали Сичева, Љубе Јакшиќ, Љупчо Стојановски, Златко Алексовски

Фотографии: