< Назад

Епизодист

Производство: Квазар Филм - Скопје ; Luminari production

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 22 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2011

Содржина: Дејството на филмот се одвива во Скопје, во два временски периоди. Во 1974 година кога Ана Михаела Стефанова е млада убава жена, со амбиции да стане глумица и во 1994 година, кога е монахиња во манастир.
Филмот почнува како монахњата Ана, го мете дворот во манастирот и слуша вести на радио. Седнува да се напие кафе и една вест ќе ја вознемири. Тоа е веста за снимање филм.
Ана со мислите се враќа во младоста. Таа е убава млада жена на познат сликар, кој сака да се забавува со моделите. Потекнува од патријархално семејство, мајка ѝ е доминантна и постојано ја критикува дека е неспособна. Ана, мечтае да стане глумица. Таа оди на кастинзи, се чуствува непријатно бидејќи ја гледаат како сексуален објект. Многупати не стасува да го каже ни текстот, туку ја тераат само да се соблече и да го покаже своето голо тело.
Најпосле добива епозодна улога во филм. По сценариото, треба да глуми девојка која е силувана. На снимањето на филмот Ана е навистина силувана. Таа оди на суд и место да го казнат силувачот ја казнуваат неа, на четири месеци затвор и парична казна.
Ана, нема никаква подршка од сопругот и родителите. Спасот го наоѓа во Бога. Така се замонашува и заминува во манастир. Додека го пие кафето во дворот на манастирот, мислите на Ана се насочуваат кон тоа како да се одмазди. Се појавува на кастинг и таа самата се нуди на режисерот, велејќи му како е уште со убаво тело и може да глуми дваесет годишна девојка. Се сепнува од оваа непристојна понуда и го моли Господ да и прости.

Напишано од Лидија Кировска

Награди: 2011, Гран при во категорија Конкуренција на краткометражен филм, Скопски филмски фестивал, Македонија
2012, Најдобар наративен краткометражен филм и Награда за најдобар режисер, Los Angeles International Underground Film Festival, Лос Анџелес, САД
2012, Најдобра женска улога, Филмски фестивал „Silent River“, Ирвајн/Калифорнија, САД
2012, Најдобар меѓународен краткометражен филм, Филмски фестивал „ХолиШортс“, Лос Анџелес, САД

Автори:


Извршен продуцент: Ана Јорданова

Фотографии: