Производство: NOW MOMENT Video House - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 66 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2011
Содржина: Играно-документарен филм за редраматичната животна приказна на македонската револуционерка Вера Фотева (Евдокија Балева). Родена е 1926 г. во село Д’мбени, Костурско. Учесник во НОБ, за време на Граѓанската војна во Грција. Обвинета од КПГ за „агент на меѓународната реакција“.
Филмот почнува со автентично интервју со Вера Фотева. Првите нејзини зборови се дека сe бореле против фашистичката влада во Грција, не биле против грчкиот народ, туку заедно се бореле за демократска Грција. Потоа се нижат сцени од играниот дел каде Верица Недева ја игра Вера Фотева, која е во затвор. Таа е малтретирана, тепана, обвинета дека е шпиунка и поврзана со британските тајни служби. Мачењето на оваа млада жена и голготата која ја поминува во логорите во Албанија, Сибир и Москва, трае со години. Филмот изобилува со богат архивски материјал.
Во 1956 г. Вера Фотева се враќа во Македонија, каде живее со своето семејство. Умира во Скопје, во 2011 година, додека трае снимањето на филмот.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Наратор: Сенко Велинов
Скриптер: Алисија Ферро
Камера оператор: Петар Кочишки
Прв асистент на камера: Атанас Велковски
Тон мајстор: Златко Симјаноски