Производство: ТВ ДУЕ - Гостивар
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 27,37 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2007
Содржина: Документарна емисија, во две епизоди, за градот Гостивар. Овој мултиетнички град е сместен во полошката котлина во западна Македонија. Населен е со мешовито население: Македонци, Турци, Албанци, Роми и др. Постојат неколку легенди како овој град го добил името. Една од нив е дека името на градот потекнува од зборот гост, гости.
За меѓуетничките односи на населението во Гостивар зборуваат: Јакупи Неџати, советник во Општина Гостивар, кординатор на Демократската унија за интеграција, Ерџан Чулез и Гоце Бошковски, советници во Општина Гостивар.
Втората епизода е за фудбалскиот клуб „Гостивар“. Тоа е мултиетнички фудбалски клуб составен од албанци, турци, роми и македонци. За добрите меѓучовечки односи на фудбалерите зборуваат: Ерџан Менга, тренер и фудбалерите Димче Димитриевски и Берат Исмаили.
Автори: