Производство: ТВ ЖУПА - Дебар
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: репортажа
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 31,14 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Документарна емисија за муслиманското население од Река и Жупа, кое масовно се иселувало во Турција. Голем број жители на селата по долината на реката Радика, Жупа, Жировница, Јанче, Битуше и други, во период од 1950 до 1970 година, го напуштиле родниот крај и се преселиле од Македонија во Истанбул, Измир, Бергама, Маниса и други градови во Турција. Иселениците зборуваат како разделбата од родните места и семејствата била тешка, но и за убавиот живот што го имаат во Турција. Тие се успешни занаетчии, бизнисмени, политичари. Работат и живеат во Турција со своите семејства. Еден таков пример се и членовите од семејството Даутоглу (Даутовски) од село Броштица.
Македонците во Турција заедно се дружат, си помагаат и се забавуваат во клубови, џамии, чајџилници и други места. Во Измир секое лето се одржува тродиционалната манифестација „На Алва“, која симболизира заедништво меѓу иселениците од разлини земји, на која редовно настапува ансамблот „Мајовци“ од Дебар. Голем број иселеници од регионот Река живеат во Измир и во Маница, каде нивниот број надминува 25 000.
Автори:
Новинар: Кенан Мимидиноски
Музичка илустрација: Беким Бајрамоски