< Назад

Татко (Babai)

Производство: Продукција Круша, NiKo Film, Филмско Студио Скопје, Еаукс Вивес продукција

Земја на потекло: Косово, Германија, Македонија, Франција

Жанр: Драма

Род: Игран филм

Времетраење: 103 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2015

Содржина: Филмот започнува со мислата на Теодор В. Адорно: “Perhaps I sensed that whatever one accomplishes in life little ther than attempt to regjin childhood” (Можеби почувствував дека што и да постигне човек во животот, тоа е единствено обид да се врати детството).
Во ритамот на едно ноќно урбано преживување, таткото Гзим (Астрит Кабаши) и малечкиот Нори (Вал Малоку) продаваат цигари на улиците на Приштина. Ова не е обична заработка — тоа е стратегија за опстанок. Прикажан е нивниот ритуал: од уличните светилки до тишината дома каде ги пречекуваат родителите на Гзим, браќата, сестрите и чичкото. Заедничка вечера на земја, софрата како сцена на постојано внатрешно и надворешно војување. Се отвора тема за една пушка, скриена во домот, симбол на наследеното насилство и минато кое не престанува да чука на вратата.
Семејната динамика на патријархалното семејствое е сурова: Чичкото на Гзим е авторитет кој ги казнува своите синови со каиш, иако сите веќе страдаат од празнината што се зголемува во нивните срца. Следат сцени на повторена трговија со цигари — градот е топос на бегство и закана.
По падот на Берлинскиот ѕид, Гзим заминува на запад, во Германија, во потрага по нов живот, оставајќи го својот син. Чувствувајќи се напуштен и очаен, Нори тргнува на опасно патување во Германија, во потрага по својот татко.
Нори, полн со надеж, конечно се среќава со Гзим. Но, средбата не е толку радосна. Гзим, кој досега бегал од својата татковска одговорност, се обидува да го утеши. Ова е нивниот заеднички крај и почеток. Таткото ветува: „Ќе заминеме во друга земја.“ Тоа е единственото што може да му го понуди – надеж.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Автори:


Сценарио и режија: Висар Морина
Камера: Матео Коко
Музика: Бенедикт Шифер
Костумографија: Џеновева Килбург
Шминка: Астрид Вебер
Светло: Срѓан Ѓоковиќ
Кастинг: Сузан Ритер, Блерта Башоли

Играат: Астрит Кабаши, Вал Малоку, Енвер Петровски, Флорист Бајгора, Крешник Бериша, Арменд Исмајли, Блерта Исмаили, Алкета Сула, Фуртуна Алиу, Едона Ватови, Адриана Матоши, Бесник Крапи, Луан Круезиу, Кумрије Хоџа, Арбона Sани, Лола Сулај, Шпетим Кастрати, Армонд Морина, Абдинасер Бека, Џевдет Јашари, Раинер Галке, Касем Хоџа, Кристијан Божиновски, Јованка Василевска, Музафер Садикај.

Поддржан од: Косовски филмски центар, Германски федерален борд, Агенција за Филм на Македонија, Француски институт.

Фотографии: