Производство: ТВ КТВ 41 - Кавадарци
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: документарен серијал
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 114 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2007
Содржина: Документарна серија во четири дела, за спортско рекреативните места: ВИТАЧЕВО, МИХАЈЛОВО, ВИТАЧЕВО и ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО.
ВИТАЧЕВО е наслов на првата епизода, посветена на истоимената спортско рекреативеа зона. Висорамнината Витачево се наоѓа во близина на с. Ваташа, на 600 метри надморска височина. Поради добрата клима, погодна е за одмор и рекреација во зима, но за жал без рекреативни објекти. За можностите што ги нуди ова место зборуваат: проф. Томе Лисичанец и Горан Колев-пчелар.
МИХАЈЛОВО е одморалиште во близина на Кавадарци, на 1200 метри надморска височина. Познато е по шумски појас со богата вегетација и добра клима, погодна за млади и постари лица.
Професорот во С.О.З.Ш.У „Ѓорче Петров“, зборува за одмаралиштето во Михајлово кое е наменето за ученици. Тука учениците изведуваат наставно научна пракса двапати годишно а остатокот од годината може да го посетуваат и други заинтересирани.
ВИТАЧЕВО – резерват за лековити билки и шумски плодови, е насловот на третиот дел од серијалот. Станка Керова, професор во С.О.З.Ш.У „Ѓорче Петров“, зборува како климата во висорамнината делува на бујната вегетација со лековити треви, грмушки и дрва. Најзастапени лековити билки во овој предел се: глог, мајчина душица, глуварче, смрека, матичњак, коприва, жалфија, невен, камилица и многу други.
ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО – еколошки бисер, е последната епизода во која се зборува за Тиквешото Езеро, создадено 1968 год. Професор Томе Лисичанец, зборува за користа на езерото за регионот. Освен за наводнување, езерото се користи за риболов и рекреација. Во атарот на Тиквешкото Езеро се наоѓаат „Полошкиот манастир“ и пештерската црква „Св.Лазар“.
Автори:
Текстот го читаше: Ангел Данов