Производство: Здружение Кадар; МРТВ, Шарада Продукција
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: биографски
Род: Документарен филм
Времетраење: 37 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2024
Содржина: Документарниот филм СЈАЈОТ НА SВЕЗДАТА претставува длабока и емотивна посвета на олимпискиот шампион и легенда на југословенското борење/пеливанство, Шабан Сејдиу. Филмот започнува со нараторски коментар на српски јазик, каде што новинарот ги набројува најистакнатите спортисти од различни дисциплини на територијата на поранешна Југославија, градејќи ја атмосферата за да се истакне уникатноста и спортската големина на Шабан. Веднаш потоа се споменува одлуката на Спортскиот комитет, кој во 1977 година му ја доделува златната значка „Спорт“, како симбол на признание за неговите извонредни резултати.
Следат впечатливи визуелни секвенци од Шабан Сејдиу во акција. Загревање во спортскиот клуб „Лирија“ - Скопје, архивски снимки од неговите млади боречки денови и интензивни тренинзи, што ја носат динамиката на еден живот посветен на оваа дисциплина. Иако денес е далеку од партерот, неговото присуство сè уште се чувствува, затоа што тој активно придонесува како ментор и советник на младите борачи.
Низ серија интервјуа и искрени сведоштва, филмот им дава глас на луѓето кои го познавале одблиску: пријатели, тренери, професори. Особено впечатливи се неговите зборови на благодарност упатени до личностите кои имале клучно влијание врз неговата кариера, како Ристо Таков и Ментаз Алајбегу. Неговите современици го нарекуваат „феномен“ и „редок талент“, човек кој со скромност и сила го надминал секој предизвик.
Како завршна експозиција, се издвојува философскиот коментар на каратистот и тренер проф. д-р. Назим Куртович, кој преку метафората за самурајската сабја опишува што значи вистински спорт, односно железото (како човекот) што се става во оган, се кали и се прочистува до совршенство. Тоа е суштината на патот на Шабан Сејдиу, пат на внатрешно и телесно усовршување.
Оваа документарна реализација не е само биографија посветена на еден врвен спортист, туку и визуелен омаж на дисциплината, вредностите и духовната длабочина на спортот.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Автори:
Други соработници :
Соработник на сценарио: Денис Шабани
Асс. на режија: Филип Лафазаноски, Илија Павлов
Извршен продуцент: Љубиша Арсиќ
Во филмот се користени архивски материјали од: МРТВ, Радио Телевизија Србија, Кинотека на Република С. Македонија, приватна архива на Шабан Сејдиу, приватна архива на Мирослав Наумовски-Лав.