< Назад

Приказна (Perralla)

Производство: VIZIONI PLUS, GUASAR FILM

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 13 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2015

Содржина: Приказната што еден дедо ѝ ја раскажува на својата внука, е темата на овој краток филм.
Семејство патува со автомобил, мајка, татко и ќерка, тинејџерка. Ќерката од задното седиште, свртена наназад се гледа со едно момче кое вози велосипед. Во еден момент момчето паѓа од велосипедот. Семејството застанува да му помогне. Тој е повреден во главата и е во бесознание. Итно го носат во болница. Лекарити велат дека има сериозни повреди на главата и дека е во длабока кома. Семејството секојдневно го посетува момчето со надеж дека ќе се разбуди. Посебно внимание му посветува девојката. Таа му чита и со часови седи покрај неговиот кревет. Еден ден момчето се буди од кома и ја здогледува девојката. Семејството одлучува да го посвои момчето. Љубовта помеќу младите се повеќе се продлабочува. Иако нивните родители не одобруваат, тие решаваат да се земат.
Внуката со внимание ја следи приказната што ѝ ја раскажува дедото. На крај заспива, задоволна од тоа како истата завршува.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Сценарио : Хагиф Мулиќи
Настапуваат : Арнелаа Шабани, Елмедина Амети, Шепетим Беадини, Наиме Ази

Фотографии: