< Назад

Железната приказна

Производство: Стримон филм - Скопје, ФХ3Х - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 15 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2017

Содржина: Приказна за незгодите на едно ромско семејство, видена низ очите на малото девојче. Приказната изобилува со хумор.
Перхан, го приведуваат во полициска станица под обвинение дека украл голема количина железо. Во полицијата доаѓаат и жена му Надире со ќерката Фати. Фати им раскажува како толку железо се нашло во нивниот двор и дека татко ѝ не е виновен за кражба.
Еден ден на баба Фатиме, која е позната гатачка, и се слошува додека работи. Итно ја носат во болница. Им кажуваат дека има анемија (недостаток на железо) и дека треба да зима лекарства кои се многу скапи.
Малата Фати многу ја сака баба си. Таа прислушкувајќи го разговорот на докторката со нејзините родители, „сфати“ дека треба да ја снабди баба си со што поголема количина железо. Фати оди во теретана, се сретќава со еден маж и му кажува дека баба ѝ има итна потреба од железо. За кратко време целиот двор на Перхан е преполн со железо, украдено од топилницата.
Полицајците ја сфаќаат ситуацијата и се обидуваат да ја снабдат баба Фатиме со потребните лекови.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Останати сорабитници :
Втор асистен на режија -- Лавинија Софрониевска
Скриптер -- Алисија Ферро
Фокус пулер -- Петар Кочишки
Превод и субтитли -- Оливер Јордановски

Фотографии: