< Назад

Последните камбани

Производство: ДНФ Филмс - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 13 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2017

Содржина: Приказна за старец кој живее сам во едно планинско село. Секое утро ја зема својата коза и се упатува кон црквата. Таму пали свеќа и со клепалото во камбаната ги повикува луѓето. Но, никој не доаѓа. Човекот секое утро го повторува истиот ритуал. Истовремено, со камбаната, комуницира со старецот од соседното село.
Еден ден, кога нема да ја чуе камбаната, се упатува во соседното село и во близина на црквата го наоѓа стариот човек. Самиот му копа гроб и го погребува на селските гробишта.
Следниот ден, одејќи кон селската црква, ја слуша камбаната од соседното село. Вознемирен, трча за да види што се случува. Но, не успева да дојде до црквата. Паѓа мртов на патот. Двајцата млади велосипедисти кои го наоѓаат, прават селфи со мртвиот човек. Тоа се истите млади луѓе што удираа по камбаната од забава за да се сликаат.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Продуцент: Кралевски Гоце
Директор на фотографија: Фејми Даут
Костимографија: Боневска Ирена
Сценографија: Ангеловски Никола
Главна улога: Јовановски Мето
Асистент тон снимател: Керкез Горан

Фотографии: