Производство: Трипл С
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: играно-документарен
Род: Документарен филм
Времетраење: 60 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2025
Содржина: Потресна животна приказна за семејството Фараџи, Евреи од Скопје, инспирирана од вистински настани објавени во книгата „Мојот живот под нацистичка окупација – Мемоари на Мими Камхи Ергас – Фараџи“. Станува збор за филм што обработува помалку познат аспект од депортацијата на Евреите од Скопје во март 1943 година, односно т.н „албанска врска“, каде со помош на Албанци од Македонија, Косово и Албанија се спасени голем број Евреи. Во Албанија, тие се прифатени од албански семејства, а поради италијанската окупација нивниот третман не е толку строг како во земјите под директна германска, нацистичка окупација.
Сведочењето за настанот го започнува Дрита (Ита), Фераџи Камхи, ќерка на Мими и Алберт. Една од преживеаните од Холакаустот. Заедно со своите родители, Дрита преживува за време на Втората светска војна, благодарение на добри луѓе албанци, кои се грижат за нив како да им се најблиски роднини. Таа е скопјанка, родена во Скадар (Албанија), која живее во Израел. Наставничка по професија, која се обидува да стане сликарка, како самата вели.
Родителите на Дрита живееле во Скопје. Млад брачен пар, добро ситуирани и образовани. Една вечер кај нив дома доаѓа нивниот сосед, албанец, и им вели дека итно мора да се скријат и иселат од државата. Германскиот окупатор ги собира Евреите и ги носи во Монополот а од тука со возови за Треблинка. Мими тогаш му кажува на Алберт дека е бремена и дека за да го спасат нероденото бебе, мора да бегаат. Со помош на соседи и пријатели албанци, кои и самите си го ризикуваат животот, семејството Фараџи стасува до Скадар. Се пријавуваат кај надлежните служби дека се босански муслимани. Таму ги прифаќа семејството Шурда, исто така албанци. По кратко време се раѓа Дрита. Двете семејства живеат заедно, едните албанци, другите евреи, како едно. По завршување на војната семејството Фараџи се враќа во Скопје. Но, тука не завршуваат нивните маки. Нивната родна куќа им ја одзеле комунистите од тогашна Југославија и му ја поклониле на нивен роднина кој во меѓувреме станал комунист. Мими, Алберт и Дрита се селат во Чиле а од таму во Израел.
Играно-документарниот филм е надополнет со сведоштва на Мими (која ја игра актерка), роднина на семејството Шурда, Маја Суша и Скендер Асани (познавачи на еврејското прашање за време на Холокаустот).
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Сниматели во Израл: Ахед Ижима, Фади Дахабре
Учествуваат: Сабина Мемиши Асланаи, во улога на Мими Фераџи, Ита Бертоф, Скендер Асани, Маја Суша, Ахмед Шурда
Според вистинска приказна