Производство: Гејзер; Гримус Медија Груп
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 28 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2008
Содржина: Приказна за отец Стефан, искушенијата пред кој се наоѓа и вечната борба помеѓу доброто и злото.
Тој е семеен човек, посветен на верата, живее со татко му и сопругата која е бремена. Откако умира мајка му, Стефан одлучува да учи за поп.
Една вечер излегувајќи од црквата во која работи, поп Стефан го сретнува тринаесетгодишниот Захир. Захир бега од дома, бидејќи неговиот брат, кој е во УЧК, сака да го однесе во планина да се бори. Отец Стефан го зема Захир дома за да го заштити.
Но, од тој момент неговиот живот добива сосема поинаков тек. Откако е ставен на искушение, настануваат проблеми со семејството на детето. Приказната станува се позаплеткана откако се појавува и еден лик со црна качулка кој го следи отецот. Преку ноќ животот на отецот станува полн со оружје, закани, убиства, крвна освета, проституција и посета на сомнителни локали. Таткото и сопругата на отецот ги убиваат а тој завршува во психијатриска установа.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Останати соработници :
Втор асиситен на режија -- Нела Витошевиќ
Скриптер -- Алисија Ферро
Втор асистен снимател -- Душан Кардалевски