Производство: АрНел Продукција - Тетово
Земја на потекло: Република Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 48.19 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: Филмот емотивно ги истражува последиците од чернобилската нуклеарна катастрофа. Со внимателно избрани архивски материјали и емотивни сведоштва на жртвите, филмот го покажува невидливиот терор на радијацијата – болестите, миграциите, разурнати животи и разурнати земји погодени од радијацискиот облак.
Филмот започнува со сведоштво на мајка од Тетово, која работела (додека била бремена) на мостри вода со зголемена радијација и слепилото на својата ќерка го поврзува со сомнеж дека тоа дошло како резултат од Чернобилската катастрофа. Со архивски снимки се претставени вести од светот, каде што се става во сомнеж дали и колку прехранбените производи се контаминирани дали се сигурни за конзумирање. Се претставува мапа која покажува коллку пати е зголемена радијацијата низ европските земји и особено Сандинавските земји. Следат сведоштва на луѓе од Швајцарија, Романија, Турција и Бугарија кои децении подоцна сè уште го поврзуваат заболувањето на нивните деца со „невидливиот облак“ што го прекрил небото во 1986 година, за студии кои сведочат за зголемените случаи на рак, неплодност и малформации, кои укажуваат на тоа колку малку се научило од историјата и колку слични ризици сè уште постојат.
Напишано од Миранда Ала Речи
Автори:
Други соработници :
Лектура: Шерифе Абдули
Превод: Себахат Шемши
Фотограф на сет: Роберт Јанкулоски
Менаџер на локации (Турција): Филиз Јелиз Алагаш
Менаџер на локации (Бугарија): Весела Смилец
Менаџер на локации (Романија): Баки Имери
Менаџер на локации (Швајцарија): Исо Фазлии