< Назад

Градина

Производство: ОХО Продукција

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Жанр: Социјална драма

Род: Документарен филм

Времетраење: 75 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2024

Содржина: Социјална приказна која со топлина и реализам го прикажува животот на група стари земјоделци што одгледуваат зеленчук на ненаселено јавно земјиште, на ниви покрај реката Вардар, во близина на Ново Лисиче. Камерата, дискретна и ненаметлива, го следи нивниот труд. Секојдневието им е исполнето со грижа за градината, со разговори, подготвување ајвар, садење и берење култури. Централни фигури се брачен пар, чие работење го симболизира упорниот дух на луѓето кои сакаат чесно да живеат и да опстанат со тгрудот од сопствените раце.
Преку автентични дијалози и снимки од сите годишни времиња, филмот го доловува достоинството на физичката работа, љубовта кон земјата и болката од запоставеноста. Контрастот се појавува кога на сцената влегуваат багери и отпаден градежен материјал што го нарушуваат природниот ритам на градината. Во емотивно најсилната сцена, еден од земјоделците изјавува дека ако дојде багерот да руши, нека го затрупа и него, изразувајќи ја длабоката поврзаност со земјата и разочараноста од институционалната негрижа.
Филмот завршува со сцени кои нудат надеж. Луѓето продолжуваат да ја обработуваат земјата, додека тивка, релаксирачка музика и телопот „Во градината покрај Вардар, се уште се одгледуваат највкусните тикви. Никој не знае до кога“, оставаат впечаток на кревка, но жилава човечка истрајност. Дали после 35 години, ќе мораат да се иселат?!? Последната почит му се оддава на еден од починатите земјоделци со објавена фотографија.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Автори:


Извршен продуцент: Пеце Талески
Музика: Tremors by SPEARFISHER

Фотографии: