< Назад

Шеќерни луѓе

Производство: Сузи Кју Продукција - Скопје

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 24 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2021

Содржина: Приказна за Елена, девојка која живее сама. Таа е осамена и за да разговара со некого се јавува на огласи, божем е заинтересирана да купи нешто. Еден ден, додека се вози на својот велосипед, забележува момче (Филип), како ја следи. Филип и Елена се сретнуваат во едно кафуле и почнуваат разговор. Додека Филип со шеќерот во кафулето црта, Елена му раскажува приказна за „Шеќерната девојка“.Тие почнуваат се почесто да се гледаат, разговараа и измислуваат заеднички приказни за иднината.
При една средба Елена му соопштува на Филип дека е болна и најдобро е тој да си замине и никогаш повеќе да не се видат. Филип се обидува да ја предомисли, но не успева.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Фотографии: