< Назад

48

Производство: Дрим Фектори

Земја на потекло: Република Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 19 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2017

Содржина: Филмот ја обработува темата за тоа што би правеле луѓето ако знаат дека ги живеат последните 48 часа пред катклизма на земјата, пред крајот на светот, преку приказната за еден свештеник.
Поглаварот на црквата г.г. Софроние и председателот на државата, за последен пат имаат телевизиско обраќање пред својот народ.
Младиот свештеник, кој е заветен пред бога на целибат, се одлучува последните денови да ги помине со девојка. Тој оди во ноќен клуб, зама дрога и алкохол и завршува во креветот на една девојка. Кога сабајлето се буди, забележува дека во креветот спие и гол маж.
Кај свештеникот доаѓа председателот да се исповеда. Тој го одбива бидејќи и самиот е грешен. Свештеникот оди кај својот духовен отец да му каже дека е грешен. Г.г. Софроние се појавува на вратата од својот дом а позади него стои полугола млада девојка.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Продуцент: Антов Огнен
Директор на фотографија: Доксевски Наум
Костимографија: Василев Раде
Сценографија: Зафирковски Владимир
Асистент на режија: Алексов Игор
Асистент снимател: Секуловски Дарио

Фотографии: