Производство: Самојлик Филм - Скопје
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Род: Краток игран филм
Времетраење: 16 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM:
Година: 2020
Содржина: Димче е средовечен маж кои живее со својата ќерка Ана. Тој живее во минатото, во времето кога бил висок воен функционер во Титова Југославија. Сака ред и дисциплина и постојано е нерасположен. За најмала ситница вика по Ана. Се разбеснува ако е вклучен бојлерот, ако чашата не е на свое место. Тој е опседнат со другарот Тито.
Приказна за гневен старец, веројатно последниот првоборец, кој сè уште живее според старите правила и по рутината создадена низ децении на служење на еден систем кој веќе одамна не постои.
Напишано од Лидија Кировска
Автори: