Производство: Квазар Филм
Земја на потекло: Република Северна Македонија
Жанр: хорор
Род: Краток игран филм
Времетраење: 19.40 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2018
Содржина: Визуелна филмска медитација за човековата природа, идентитетот и вечната борба меѓу телесното и духовното. Преку симболизам и визуелни метафори, режисерот Игор Алексов ја гради нарацијата како патување низ свеста — место каде што сонот и реалноста се преплетуваат, а границите меѓу животот и смртта, материјата и духот, се губат. Содржината на филмот опфаќа злосторства и казна за тие дела. Почнувајќи со осуда за педофилските дела на свештениците, главниот лик е прогонувач на злосторниците. Филмот продолжува со заплет во кој карактерите се вампири, но истите се хранат само со злосторници. Во меѓувреме се одвива настан во кој вампирите се хранат со злосторник, но од таа крв преживуваат само 4 вампири. Преживуваат само тие коишто им е судбина од вампири да станат луѓе со душа. Филмот завршува со продолжен прогон кон злото и со реченица која завршно ја објаснува борбата која ќе продолжи „Ви беше дадена светлина а вие тргнавте да ја гасите со своето зло, сега почнува жетвата и јас ветувам нема да запреме“.
Напишано од Миранда Алла Речи
Автори: