< Назад

Так-так

Производство: Реал Филм Продукција, MACHINA Продукција

Земја на потекло: Република Северна Македонија

Род: Краток игран филм

Времетраење: 20 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2023

Содржина: Љубовна приказна за Раде и Нина, која се одвива во 1990 година. Филмот е снимен по вистинит настан.
Нина е најубавата девојка во маалото. Таа е секогаш дотерана и не комуницира многу со соседите.
Секогаш кога Нина ќе помине, Раде останува без здив. Раде постојано му зборува на својот најдобар другар Жељо за Нина. Колку е заљубен и колку е убава. Другарите го задеваат дека нема шанси кај неа. Но, тоа не го мисли Нина. Таа почнува игра по телефон и се зближува со Раде. Нивната игра е таа да му се јавува на телефон и да молчи и со тик-так (тропање) да одговара на прашањата. Тој е несигуран и незнае дали навистина и се допаѓа, иако Нина му праќа очигледни сигнали. На крај тие сепак завршуваат заедно.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:

Продуцент: Букшиќ Ратко
Директор на фотографија: Касапинов Александар
Костимографија: Галева Наташа
Сценарио: Букшиќ Ратко
Сценографија: Букшиќ Филип
Асистент на режија: Букшиќ Ратко
Асистент снимател: Трајкоски Ѓорѓи

Улоги: Сања Арсовска, Исмет Шабановиќ, Даријан Петров

Фотографии: