Производство: Obol film - Белград, Minimal Collective - Скопје
Земја на потекло: Србија, Република Северна Македонија
Род: Документарен филм
Времетраење: 77 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2024
Содржина: Приказна за животот на едно турско семејството од село Канатларци. Калливо и тутунарско село кое се наоѓа помеѓу Прилеп и Битола. Името на селото доаѓа од турскиот збор канатлар, што значи крилја. Во него живее мешано население, најбројни се турците.
Едно од семејствата кое живее во оваа рурална средина е семејството Арифоски. Семејствот го сочинуваат мајката Ајтен, таткото Ердоган и нивните четири деца. Тие се муслимани, припадници на дервишкиот ред бекташи. Мнозинството следбеници на дервишкиот ред бекташи во Канатларци, ја гледаат Ајтен како мајчинска фигура, која се труди да им даде поддршка, исто како што им дава и на своите четири деца и на двете внучиња.
Во селото се наоѓа Дикмен Баба теќето, кое потекнува од 16 век. Тука семејството Арифоски, заедно со своите соселани, муслимани, ги практикуваат своите верски обреди. Посебно се посветуваат на празнувањето на празникот Ашуре. Сопругот на Ајтен, Ердуан, е дервишки свештеник од највисок ранг во нивниот локален храм.
Жителите на Канатларци се многу работливи, тие се занимаваат претежно со земјоделство и со сточарство.
Кај нив владее матријархатот, како што е случај со Ајтен и нејзиното семејство, каде таа е главна.
Напишано од Лидија Кировска
Автори:
Други соработници :
Продуцент -- Јелена Ангеловски
Режија и директор на фотографија -- Стефан Малешевиќ
Сценарио -- Стефан Малешевиќ, Виктор Трајановски
Монтажа -- Јелена Максимовиќ, Стефан Малешевиќ
Тон -- Бојан Паликуќа
Музика -- Бранислав Јованчевиќ
Настапуваат -- Ајтен Арифоска, Ердуан Арифоски, Ајдуан Арифоски, Јилдиз Арифоска, Илкај Арифоски, Дилај Арифоска, Чејлан Донмез, Дуру Донмес