< Назад

Тумба Маџари

Производство: ТРД ТВ КРТ - Скопје

Земја на потекло: Р. Македонија

Жанр: репортажа

Род: ТВ Продукција

Времетраење: 29.49 минути

Тип: Дигитална технологија

Звук: Да

Во боја: во боја

MM:

Година: 2006

Содржина: Документарен филм за археолошкото наоѓалиште од неолитски период, Тумба Маџари. За археолошкиот локалитет зборува, Воислав Санев-археолог, специјалист за неолитско време.
Тумба Маџари е неолитска населба од 7 век п.н.е., се наоѓа меѓу скопските населбите Маџари и Ченто, сместена на мало возвишение од 3 метри. На овој простор се одвивал животот на неолитскиот земјоделец.
Куќите се градени од дрво, кал и слама. Со кружно огниште на средината на куќата и ѕидани маси (жртвеници). Откриено е светилиште, објект за чинодејствија по канонски норми, со димензии 9 на 9 метри од масивна граѓа. Од овој археолошки локалитет е и култната ваза посветена на Мајката Божица.
Животот на неолитската населба згаснал по голем пожар и никогаш повеќе не е обновен.
Архелозите, денес се со идеја да се обнови неолитската населба како туристичка атракција.

Автори:


Други соработници:
Спикер: Љупчо Благоевски
Музичка илустрација: Ико Матијашевиќ
Графика обработка: Драган Милковски