Производство: ТВ Здравкин - Велес
Земја на потекло: Р. Македонија
Жанр: уметнички
Род: ТВ Продукција
Времетраење: 33.26 минути
Тип: Дигитална технологија
Звук: Да
Во боја: во боја
MM:
Година: 2006
Содржина: Документарен филм за Саздо Хаџи Петрушев, самоук ликовен уметник од Велес. Познатиот сликар Борко Лазески откако ги видел неговите дела му го дал прекарот Ван Гог од Велес.
Саздо Хаџи Петрушев е роден во Велес 1909 г., иако не се школувал за сликар, овој успешен автор има создадено над 2000 дела. Сликал во повеќе техники: туш, акварел, масло на лесонит и препарирана хартија. Во 1958 година ја имал својата прва изложба во Велес а подоцна и во Скопје, Кавадарци и Белград. Добитник е на повеќе награди и признанија и одликуван е со орден за храброст.
За неговиот ликовен опус и каков бил како човек зборуваат: Дора Андова, виш кустос-историчар на уметност и Светозар Богдановски-сликар.
Автори:
Наратор : Лазе Лазаревски
Работено по текст на Дора Андова виш кустос-историчар на уметност во музеј на град Скопје.
Користени материјали, аудио снимки и фотографии од архивата на Леон Пеев внук на Саздо Хаџи Петрушев.