Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 31 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1987
Содржина: Во филмот го следиме развитокот на градот Тетово низ историјата. Полошкиот регион е населен уште од времето на антиката, за што сведочат бројните археолошки артефакти, како што е и познатата Тетовска менада датирана во петтиот век пред нашата ера. И од времето на Отоманската Империја се сочувани бројни паметници, подвижни археолошки наоди, како и архитектонски објекти што сè уште се наоѓаат во градот. Такви се на пример амамот, теќето, Шарената џамија, крепоста на Абдурахман - паша на Балтепе. Во исто време се градат и христијански објекти во градот и блиските села, од кои особено внимание заслужува црквата Св. Анастасие во манастирскиот комплекс во селото Лешок, каде што како јеромонах престојувал македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ - Тетоец. Во филмот е третиран и периодот помеѓу двете светски војни документиран со голем број фотографии, а на истиот начин се проследува и времето од Народноослободителната борба во овој крај, како и периодот по ослободувањето. Брзиот економски развиток на региот, како и менувањето на ликот на градот во архитектонска смисла, спортските и културните активности, исто така, наоѓаат свој простор во филмската сторија за овој град.
Автори:
сценарио -- Владимир Кочоски
монтажа -- Дилавер Мустафа
Други соработници:
асистент снимател -- Сретен Паковски
текстот го читаат -- Миле Попов; Ружа Карајанова
избор на музика -- Мирјана Анушева