< Назад

Екран за Скопје

Производство: „Образовно Филмско Студио“, „Вардар филм“ - Скопје

Земја на потекло: Полска

Род: Документарен филм

Времетраење: 30 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 16

Година: 1988

Содржина: Колаж од уметничките проекти реализирани по повод годишнината од земјотресот во Скопје.
Филмска колекција на уметнички дела, создадена како реакција на уметниците да му оддадат почит на разурнатиот град од земјотресот што го погоди Скопје 1963 година. Филмот е снимен по повод дваесет годишнината од катастрофалниот земјотрес, од уметници од Полска.
Прикажани се документарни снимки од разурнатиот град и нови објекти изградени по земјотресот. Во филмот се претставени уметнички инсталации, ликовни изложби и филмски записи. Под наслов „Епитаф за урнатините“, се дадени уметнички инсталации инспирирани од земјотресот во Скопје. Автори на овие дела се: Јозев Рабаковски, Симон Шемов, Зигмунд Рутка, Јержи Триленски, Игор Митрикески.
Ликовните уметници Петар Мазев, Димитар Манев, Петар Даунсбурх и Танас Луловски, се претставени преку своите уметничи слики.
Филм на Иван Ладислав Галета, со наслов „Високо пладне“, Загреб 1985.
Уметнички инсталации на: Јозеф Шајна, Томислав Готовац, Јоан Јонас, Родољуб Атанасов, Станислав Фијалковски, Хенрик Касински, Ричард Нонас и Збигњев Варешовски.
Во видеото на Сања Ивековиќ и Далибор Мартинес, презентирани се цитати од „Книгата за чај“, од јапонскиот ликовниот критичар Какузо Окакура.
„Игра“ е наслов на филмот за делата на Ричард Винарск, во режија и сценарио на Малгоржата Потоцка и Бартол Лукич.

Напишано од Лидија Кировска

Автори:


Други соработници:
Фотографија и камера -- Бартол Лукиќ, Феликс Парнел, Томаж Снопкиевич
Монтажа -- Ања Навроцка
Тон -- Јан Фреда
Стручни консултанти -- Соња Абаџиева-Димитрова; Викторија Васев-Димевска; Марин Димески - Димес; Зоран Петровски

Благодарност до „Вардар филм“ и Музеј на современа уметност - Скопје.

Фотографии: