Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 11 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1990
Содржина: Филмот ги третира оние тематски содржини од фрескоживописот во црковниот храм „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричани кои ја презентираат свирепоста во прогонувањето на вистинските борци за христијанската вера.
„Летото господово илјада триста и седумнаесето беа повикани големите живописци - Евтихие и Михаило Астрапа, да го украсат со велелепни слики храмот на Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричани: блескотна отменост на стилот не им пречи, во календарот и житието на Свети Ѓорѓи да прикажат сцени на незапирлива џелатска инвенција. Може да се верува дека и во овој чин на илуминирање приказната е измислена, а секоја случајност со сегашните изрази на трпеливост - случајна. Лето господово 1988“
Награди: 1991 ФЈДКФ, Белград, Специјална награда од меѓународниот дел
Автори:
Други соработници:
организатор на снимање -- Бранко Петровски
избор на музика -- Велибор Педевски
соработник -- Гаврил Паветиќ