Производство: Вардар филм - Скопје
Род: Документарен филм
Времетраење: 13 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: во боја
MM: 35
Година: 1991
Содржина: Филмот е вистинска приказна за животот на Кочо Топенчаров кој после 40 години поминати во Албанија, со жената и децата се враќа во својата татковина, Македонија.
Една вечер во Охрид Кочо Топенчаров се вљубува во Марија. Таа живее во Албанија и по извесно време се враќа дома. Во 1950 година Кочо илегално ја минува границата со Албанија и оди кај девојката што ја сака, за да ја земе и да се врати назад. Но грубоста на државата и на политиката ја одредува нивната судбина. Филмот ја прикажува љубовта која е единствена одбрана на човекот во овој суров свет.
Награди: 1991 ФЈДКФ, Белград, Златен медал „Београд“ за документарен филм
Автори:
сценарио -- Рафаел Марчиано
монтажа -- Алексо Боневски
Други соработници:
избор на музика -- Видосава Илиќ