< Назад

Турци држат говор на Хуриет

Род: Документарен филм

Времетраење: 2 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1908

Содржина: Значителен дел од одбележувањето на победата на Младотурската револуција, хуриетот, како и голем број манифестации одржани во Битола по тој повод, браќата Манаки забележале и на филмска лента. Врз основа на различните описи, би можеле да кажеме дека документарната целина за овој настан е поделена во 6 наслови. Овој филм е структуриран од 3 секвенци. Во првата, со 5 кадри е прикажан еден говорник на малечка импровизирана сцена. Во втората секвенца, во два кадра се забележани членовите на дипломатскиот кор присутни на оваа манифестација. Во третата секвенца, исто така во два кадра, е забележан дел од парадата одржана по тој повод.

Автори: