Род: Документарен филм
Времетраење: 4 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1908
Содржина: Победата на Младотурската револуција била прифатена со задоволство кај населението. Во ова дело акцентот е ставен врз манифестациите, дефилето на многубројниот народ кој учествувал во прославите. Материјалот е доста обемен иако е снимен само во 8 кадри во 2 секвенци, на кои се забележува огромна маса народ во разновидни носии, цивили, војници, господа и госпоѓи со чадори и многу други. Потем во колоната дефилираат голем број знамиња, пароли, како и 2 кочии со дувачки воен оркестар, секогаш на чело на колоната. Секаде каде што минува, колоната е поздравувана од многубројниот народ.
Автори: