Род: Документарен филм
Времетраење: 2 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1908
Содржина: Овој филмски материјал, на кој е снимен дел од прославата по повод победата на Младотурската револуција, е снимен од горен ракурс, при што учесниците на парадата се следат во континуитет, така да се рече во еден кадар-секвенца. Поради скокови во дејствието и поради разните учесници во парадата, филмот го поделивме на 3 секвенци со 6 кадри.
Во првата секвенца (1 кадар) минува колона мажи во бели народни носии со темни елеци и фесови. Во втората секвенца (1 кадар) се снимени членовите на друштвото „Пелистерски јунак“, деца во бели униформи. Во третата секвенца (4 кадри) најпрвин парадираат мажи во темни костуми со бели фесови.
Автори: