Род: Документарен филм
Времетраење: 4 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Содржина: Браќата Манаки во повеќе наврати снимале разни паради и дефилеа на војски кои престојувале во Битола. Во овој филм е снимена парада на турската војска, припадници на нејзината пешадија и кавалерија.
Овој филм е составен од две секвенци. Првата започнува со крупен план на колона коњаници, за да продолжи во контра план. Во 3 кадри колоната е снимена одзади како се оддалечува од камерата завршувајќи во општ план.
Следната секвенца е составена од 10 кадри, во која војници парадираат пред камерата, во преден план, и неколку офицери на коњи, кои ја следат парадата, во заден план. И во последниот кадар од оваа секвенца повторно среќаваме контра план. Камерата сега е свртена кон касарните пред кои се одвива парадата.
Автори:
Фотографии: