< Назад

Погреб во Битола

Род: Документарен филм

Времетраење: 1 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година:

Содржина: Погребот е снимен во еден кадар од горен ракурс, на Широк сокак во Битола. Повторно кадар-секвенца. Не е познато за чиј закоп станува збор, но, според должината и големината на погребната поворка, може да се заклучи дека е закоп на некоја важна личност. На почетокот на колоната, во бавен ритам е снимен дувачки оркестар, зад него мажи кои носат венци, а од страните на колоната врви по еден турски војник. Следуваат потоа: свештени лица, кочија во која, веројатно, е сандакот со умрениот, а зад неа многу народ. Улицата по која се движи поворката е преполна: мажи и жени во градска облека, господа со цилиндри, госпоѓи со шапки, турски великодостојници, чесни сестри и на крајот неколку осамени кочиии.

Автори:


Фотографии: