< Назад

Едриличарски митинг

Род: Аматерски филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 9.5

Година: 1939

Содржина: Документарен запис за едриличарскиот митинг одржан 1939 година на Зајчев рид, во околината на Скопје. Записот има стотина кадри кои ја регистрираат целата манифестација. Офицери од скопската воена област и нивниот командант кој рапортира. Генералот на авијацијата Горјуп и банот Жика Рафајловиќ кој пристигнува со автомобил, ги пречекува патријархот Варнава и по церемонијалното бакнување рака, се упатуваат кон централната ложа. Следи парада на офицерите, кои генералот Горјуп ги поздравува војнички. Камерата потоа ги регистрира цивилните гости, меѓу кои се издвојуваат новинарот на „Политика“ Боро Антиќ и дописникот на „Правда“ Пајо Дорошки. Следните кадри го регистрираат почетокот на митингот, а потоа следат многубројни активности сврзани со летањето и слетувањето на едрилиците. Следи доделувањето на наградите и признанијата на воени и цивилни лица.

Автори:

Снимател: Дрнков Благоја

Фотографии: