< Назад

Бомбардирана Битола

Род: Аматерски филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 9.5

Година: 1939

Содржина: Филмски документ за бомбардирањето на Битола, односно за неговите последици. Во дваесетина кадри Дрнков успева да ја прикаже сликата на градот по бомбардирањето. Празна улица, дупки од гранати, фасади со искршени прозорци, разурната куќа, внатрешноста на нечиј разурнат дом, искршени детски играчки. Лица на луѓето кои стојат пред урнатите домови, редови за леб. Во еден кадар, снимен од височина, Дрнков ја прикажува целата драматика на настанот, меѓу урнатините, луѓето се движат како духови.

Автори:

Снимател: Дрнков Благоја