< Назад

Католичка процесија

Род: Аматерски филм

Времетраење: 0 минути

Тип: Филмска лента

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 9.5

Година: 1935

Содржина: Ова е документ за еден редок црковен чин - католичка процесија - која минува низ главните улици на Скопје. Во преден план се движат деца во свечена бела облека, носат венци од цвеќиња во рацете. Потоа идат свештени лица, облечени во бели световни облеки, од двете страни на поворката луѓе кои држат големи свеќници. Процесијата се движи од Плоштадот кон Железничката станица во Скопје. Со еден швенк Дрнков ја открива главната скопска улица, се идентификуваат слаткарницата „Милка“, Ристиќевата палата, куќата на Икономови, кафеаната „Маргер“ за на крајот да се појави Офицерскиот дом. Филмот има вкупно 6 кадри.

Автори:

Снимател: Дрнков Благоја