Род: Документарен филм
Времетраење: 2 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Содржина: Покрај тоа што снимањето свадби од документаристичка гледна точка било од особен интерес на браќата Манаки, филмското бележење на овие настани и соодветни обичаи во два случаи на Манакиевци им донело и дополнителен финансиски ефект, бидејќи свадбите на Петар Герас од Битола и на Ристо Зерде од Прилеп биле снимени по нарачка.
Овој филм, во кој најверојатно е забележана свадбата на Петар Герас, го поделивме во две секвенци, снимени со 6 кадри.
Првата секвенца е составена од три кадра: колоната автомобили, во првиот со младоженците, тргнува; во вториот кадар колоната е снимена како минува низ битолските улици, при што од заден план автомобилите се доближуваат кон камерата и во преден, среднокрупен план минуваат крај неа; и во третиот кадар, младоженците излегуваат од автомобилот, по нив следуваат сватовите. Сите се движат кон камерата и минуваат крај неа.
Втората секвенца е, исто така, снимена во три кадри: во првиот кадар се гледа дел од учесниците на свадбата, снимени во еден двор: мажи и жени облечени во градска облека минуваат пред камерата; во вториот кадар младоженците излегуваат од куќа (низ дрвена порта) и влегуваат во автомобил; и во третиот кадар, од истиот агол но во среден план, автомобилот тргнува повторно минувајќи пред камерата и излегувајќи од кадарот.
Автори:
Фотографии: