< Назад

Прослава на Водици во Битола

Род: Документарен филм

Времетраење: 1 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Содржина: Овој материјал на кој е забележана прославата на верскиот празник Водици т.е. Богојавление во Битола, го поделивме во два дела. Во првиот дел во три кадри е снимена голема колона луѓе, цивили во одела со качкети и со шапки, српски офицери и свештени лица како се движат по битолските улици опкружени со многуброен народ. Вториот дел, во само еден кадар, е снимен во општ план полутотал, во кој се гледа големата група луѓе од првата секвенца на кејот на реката Драгор. Мостот и кејот се украсени, а долу се гледа реката во која треба да се фрли крстот. Самиот акт на фрлањето на крстот не е снимен (или можеби е снимен, но не е сочуван).

Автори: