Род: Документарен филм
Времетраење: 4 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1912
Содржина: Овој филм е уште еден аргумент повеќе за мајсторството на браќата Манаки во комплексното и комплетно снимање на една документарна сторија со извонреден усет за целосно забележување на еден значаен настан, односно за регистрирање на посетата на значајна личност на Битола.
Филмот започнува со пристигнувањето на Александар Караѓорѓевиќ на битолската железничка станица, при што Караѓорѓевиќ го пречекуваат и го поздравуваат претставници на градот, на војската и на црквата.
Потоа браќата Манаки го следат високиот гостин за цело време на неговиот престој во Битола. Во неколку секвенци делегацијата е снимена како излегува од зградата на Битолската митрополија, како минува низ битолските улици поздравена од насобраниот народ и како присуствува на еден верски обред, церемонија на свечено украсена сцена, околу која има многу насобран народ. По завршувањето на церемонијата, поворката во која, покрај членовите на делегацијата, се и голем број високи свештени лица, минува низ шпалир луѓе и доаѓа до широчината пред битолските касарни каде се врши осветување на темелите на објектот кој треба да започне да се гради, што е всушност и целта на посетата на Александар Караѓорѓевиќ на Битола.
Филмот завршува со мошне краток кадар, на кој Александар Караѓорѓевиќ во придружба на неколку офицери врши смотра на построена чета војници.
Автори: