< Назад

Погреб на митрополитот Емилијанос од Гревена

Род: Документарен филм

Времетраење: 6 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1911

Содржина: Ова е единствен пронајден и сочуван филмски материјал што браќата Манаки самите го развиле и го монтирале во документарна целина подготвена за јавно прикажување. Во филмот е забележана погребната церемонија од закопот на митрополитот Емилијанос од Гревена, кој бил убиен на 1 октомври 1911 година. Филмот започнува со панорама на градот Гревена во тотал и со фотографија на двајца умрени (едниот од нив е Емилијанос). Потоа се префрлува на закопот, кој започнува во црквата во Гревена (искористена е фотографија на ентериерот на црквата со умрениот митрополит, бидејќи со филмската камера браќата не можеле да снимаат внатре). Церемонијата продолжува со изнесувањето на митрополитот од црквата, снимен во среден план во нормален ракурс. Браќата ја следат поворката на патот кон гробиштата низ Гревена со промена на нормални и еден горен ракурс снимен во општ план, полутотал. Филмот завршува со закопувањето на Емилијанос. За цело време митрополитот го носат во седната положба.

Автори: