< Назад

Турскиот султан Мехмед V Решад во посета на Солун

Род: Документарен филм

Времетраење: 11 минути

Тип: Филмска лента

Техника: стандард

Звук: Не

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1911

Содржина: По победата на Младотурската револуција (1908 година), на местото на Абдул Хамид, во 1909 година за нов султан бил поставен Мехмед V Решад, кој владеел до 1918 година и бил претпоследен турски султан. Во 1911 година Мехмед V Решад тргнал во посета на најодалечените европски краеви на своето царство и ги посетил Солун и Битола. Браќата Манаки успеале да издејствуваат специјална дозвола за да го придружуваат и снимаат султанот за време на неговиот престој, реализирајќи две импозантни филмски целини за неговите посети на Солун и на Битола. Во овој филмски материјал за посетата на султанот на Солун се снимени повеќе драматуршки цврсто поврзани секвенци: а) пристигнувањето на султанот во солунското пристаниште; б) неговиот пат низ солунските улици, преку низа манифестации, паради и смотри; в) заминувањето на султанот со воз од Солун и неговиот пат до Битола. За овие последни секвенци е интересно што тие се снимени од возот во движење така што се забележани попатни предели и железнички станици низ кои минувал султанот и неговата експедиција. ИГОР

Автори:


Фотографии: