Род: Документарен филм
Времетраење: 4 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Не
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1911
Содржина: Во третиот снимен дел од посетата на романската делегација на Македонија, кој е и најдолг, го следиме патот на делегацијата кон Ресен и нејзиното пристигнување и престој во овој град. Оваа целина ја делиме на два дела.
Во првиот со камерата се следи колоната кочии на патот кон Ресен, при што во неа се интерполирани извонредни пејзажи по патот. Колоната е доста долга, придружувана од турска војска.
Во вториот дел камерата го следи пристигнувањето на делегацијата во Ресен, нејзиниот пречек од страна на Нијази-бег, еден од водачите на Младотурската револуција, и нејзиниот престој во овој град.
Автори: