Производство: Вардар филм - Скопје
Земја на потекло: Република Македонија
Жанр: психолошки
Род: Краток игран филм
Времетраење: 10 минути
Тип: Филмска лента
Техника: стандард
Звук: Да
Во боја: црно-бел
MM: 35
Година: 1969
Содржина: „Самоубиство! Што е тоа? Свесно и намерно уништување на сопствениот живот. Но, дали е тоа хероизам, протест против животот или кукавичко однесување? Мислам дека не е ништо од тоа. Сепак, тоа е фатален конфликт на имагинарниот субјективизам со реалната стварност на денешниот живот, кој често завршува со смрт на еден корисен и општествено оформен човек. Човекот што е предиспониран за самоубиство, во својот живот се среќава со некој интимен мотив, субјективно го оценува и донесува решение со својата слободна волја.
Понекогаш се случува интимно-субјективно оценетиот мотив во последен момент да биде победен со вродениот нагон за живот, па самоубиецот се откажува од извршувањето на својата одлука.“ - д-р Вељко Бујан, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.
Автори:
Улоги:
Васил Шумански
С. Максимова
Други соработници:
консултант -- д-р проф. Вељко Бујан
избор на музика -- Вишња Калиќ